Животот без секс може да има сериозни последици: Ова се некои од нив

Точка

28/01/2025

23:01

7.145

Големина на фонт

а а а

Научниците имаат добри причини да ја сметаат сексуалната интимност како една од најважните компоненти на здравјето и на човечкиот живот воопшто.

Иако можеби не сте свесни за тоа, кога ќе престанете да водите љубов, во вашето тело се случуваат одредени процеси, пишува „Уна“.

Нарушен сон

Покрај несоницата која може да настане, експертите велат дека оние кои се во период на апстиненција почесто имаат соништа во кои водат љубов.

Жените стануваат асоцијални

Чувството го одредува хемискиот процес кој се одвива во нашиот мозок. Кога водите љубов, вашата крв е полна со одредени хемикалии кои ве тераат да чувствувате цела низа позитивни емоции. Лишувајќи го телото од овој природен процес, ја нарушувате внатрешната хемиска рамнотежа. Како резултат на тоа, кај повеќето жени следува депресија, нерасположение и самодоверба. По долг период на апстиненција, жените генерално стануваат попребирливи и тешко влегуваат во нови врски.


Се јавува стрес

Интимноста е еден од природните начини за ослободување од стресот. Мигрените, несоницата, недостатокот на апетит и соништата се сигнали кои телото ни ги испраќа кога ни се потребни промени.

Намален имунитет


Интимноста го зајакнува имунолошкиот систем, активирајќи го производството на имуноглобулини, што ја зголемува способноста на телото да се бори против болестите и да создаде одбранбен систем. Научна студија покажа дека имунитетот и сексуалните односи се навистина поврзани.

Ментална нерамнотежа

Интимноста ја стимулира менталната активност. Оние кои редовно имаат интимни врски имаат повеќе енергија, додека некои научници тврдат дека во овој случај концентрацијата и креативноста се на повисоко ниво.