Баерн Минхен прифатил понуда тешка 60 милиони евра од Тотенхем

Дерби

31/01/2025

12:21

607

Големина на фонт

а а а

Големиот број повредени играчи, но и клупските амбиции го натераа Тотенхем да инвестираат сериозно во еден од најталентираните фудбалери од редовите на Баерн Минхен.

Матис Тел не добиваше вистинска шанса во германскиот состав и реши да го напушти Баерн во овој преоден рок, а бундеслигашот за неговиот трансфер ќе заработи фантастични 60 милиони евра.

Тел има само 19 години и ќе добие можност да го потврди потенцијалот во Премиер лигата, но германските медиуми тврдат дека тој и неговите агенти ќе тактизираат до последен момент околу изборот на нов клуб.

Баерн веќе најави дека ќе прифати понуда за младинскиот репрезентативец на Франција, а во лицитацијата очигледно најдобро се покажал Тотенхем, кој инсистирал да го добие потписот на офанзивниот фудбалер.

Сепак, Тел нема постигнато договор за личните услови со Тотенхем, а за неговите услуги наводно се интересираат и Манчестер Јунајтед и Челси. Доколку Тел на крајот реши да соработува со менаџерот Анге Постекоглу, тогаш двата клуба експресно ќе ја завршат административната работа за потврда на трансферот.