[ВИДЕО] Германскиот скијач веќе не може нормално да се движи: Се огласи со снимка од болницата по стравотниот пад

Точка

31/01/2025

13:21

1.485

Големина на фонт

а а а

Германскиот скијач Јакоб Шрам доживеа сериозен пад во текот на тренингот во спуст во Кицбухел минатата среда, по што со хеликоптер мораше да биде префрлен в болница.

Шрам се здоби со ужасни повреди при падот, односно ги скина лигаменти на двете колена и се здоби со потрес на мозокот, а сега се појави и негова снимка од болницата.


Снимката ја објави самиот скијач на социјалните мрежи, која покажа дека Шрам не може да се движи правилно, а јасно е дека му претстои долг и тежок период на закрепнување.

Снимката од болницата можете да ја погледнете на овој линк.

Снимката покажа дека во текот на неговите први претпазливи обиди за движење во болничката соба, скијачот се држел за мобилното помагало за движење, а му помогна и медицинската сестра. Двете колена му се завиткани во дебели завои, а скијачот напиша: „Чекор 1/42.195“, а оваа бројка го претставува бројот на километри кои спортистите ги поминуваат за време на маратон. На овој начин скијачот најави долг пат до закрепнувањето.


Неговото лево колено беше особено тешко повредено, и беше дислоцирано неколку минути, а претрпе кинење на предните и задните вкрстени лигаменти, колатералните лигаменти и некои мускулни структури.

Шрам претрпе две операции и ја чека третата, но таа е закажана за два месеци. Тогаш ќе бидат оперирани и двата вкрстени лигаменти бидејќи хирурзите не можеле да ги решат сите проблеми одеднаш.

Доколку сè биде во ред, Шрам ќе можеме повторно да го видиме на патеката за 18 до 20 месеци.