Семејството на фудбалскиот великан не дозволува да згасне споменот на славниот Миха.
Дражен Михајловиќ, брат на српскиот фудбалски великан Синиша Михајловиќ, на социјалните мрежи објави потресен извадок од книгата „The Match of Life“.
Токму во овој дел од оваа емотивна книга можете да видите колку Синиша Михајловиќ го сакал фудбалот. И кога се борел за живот со тешка болест, популарниот Миха не престанал да размислува за фудбалот. Беше голем борец и така остана до крајот.
Во летото 2019 година Синиша Михајловиќ објави дека боледува од леукемија, но дека и покрај се ќе продолжи да работи како тренер на Болоња. Силните хемотераписки третмани оставија трага на неговото измачено тело, но неговиот победнички дух никогаш не го напушти.
„Четврток, 22 август … играме во Верона овој викенд, прво коло од новиот шампионат, го чекам одговорот со анализите, одговорот доаѓа, белите крвни зрнца сè уште се на 300. Проф. Каво јасно ми вели: „Синиша, извини, извини, но не можам да ви дадам дозвола да одите. Тоа е премногу ризично за вас, можете да ја напуштите болницата само на неколку часа, но само ако вашите бели крвни зрнца се покачат на 900-1000“.
Плачам без срам: „Не разбирате професоре. Им дадов збор на момчињата, им ветив дека ќе бидам со нив на првиот натпревар на денот кога влегов во оваа болница. Јас сум нивниот тренер!“
Новиот ден донесе нови прегледи. Докторот тогаш видел колку му значи фудбалот на Синиша Михајловиќ и му дозволил да оди на тренинг.
„Сабота наутро пак ми земаат крв, нетрпеливо ги чекам резултатите, ми се грчи стомакот. По некое време на вратата од собата се појавува професорот со уште неколку негови соработници. Си мислам што ќе ми кажат: „Синиша, белите крвни зрнца не се како што очекував, има речиси 900 и многу е ризично за тебе, но уште поризично би било да те задржам овде, оди биди со твоите момци!“ - плачев како мало дете, толку е убаво чувството, ослободување, победа!“
„Влегувам во хотелот каде што се играчите. Во болница сум за сите, за ова знаат само мојата сопруга, брат ми и Мирослав. Ја отворам вратата, сите играчи седат, мртва тишина, нивните усти отворени. Седам на столче, не можам да издржам, ја симнувам маската „и немам сила да зборувам“.
Доаѓањето на Синиша остави силен впечаток кај фудбалерите на Болоња. Миха на крајот се појави на натпреварот и го предводеше својот тим. Потоа се вратил во болница на лекување.
„Како што ти ветив, тука сум. Лекарите ми велат дека сум луд. Можеби се во право, но јас сум ваш тренер и ви дадов збор. Најлошите 40 дена од мојот живот ги поминав затворен во мала соба среде звуците на машините за хемотерапија и антибиотиците, јас сум поинаков физички отколку кога последен пат се видовме, нели, животот може да се преврти наопаку за миг. Но, јас секогаш стојам зад своите зборови и направив сè за да бидам тука со вас и покрај вас на клупата, се надевам дека не е залудно, веднаш по натпреварот ќе си одам, ќе се вратам во болница! Играјте со срце! Како што ве научи. Многу од нив ги бришеа солзите, а јас неколку пати го прекинував говорот.
По голема борба со страшната болест, Синиша Михајловиќ почина на 12 декември 2022 година во болница во Рим.