Канје Вест и Бјанка Ценсори беа исфрлени од овогодишните Греми награди, откако Ценсори се појави гола на црвениот килим, поточно во „фустан“ кој апсолутно ништо не скри, пренесе Дејли Мејл.
30-годишната дизајнерка, која и претходно го привлече вниманието со своите провокативни јавни настапи, пристигна во целосно проѕирен фустан од мрежест материјал, без долна облека – што ги згрози сите присутни на церемонијата, но и корисниците на социјалните мрежи.
Бјанка на почетокот самоуверено чекореше по црвениот килим облечена во бунда, но потоа ја соблече и го откри своето голо тело на фотографите.
„Тажно и трагично“
Социјалните мрежи беа преплавени со коментари на нејзина сметка, а имаше и такви кои правеа шеги.
„Бјанка Ценсори има диплома, паметна е и имаше соодветна кариера пред Канје, а откако се запознаа, таа се шета гола во јавноста. Тоа е тажно и трагично“, напиша еден корисник на X.
„Се обидувам да се сетам кога последен пат Бјанка Ценсори беше целосно облечена“, се пошегува друг корисник.
Позната по разголените комбинации
Потсетуваме, Бјанка на почетокот на јануари го прослави својот 30-ти роденден со Канје на Малдивите. На забавата, меѓу другите, се појави и актерката Пенелопе Круз, со која Бјанка танцувала. Фотографиите од „дивата“ забава брзо се проширија на социјалните мрежи, а ги прикажаа Бјанка и Канје како страсно се бакнуваат, додека Бјанка беше облечена во проѕирни хеланки и елек кој и ги откри градите.
Таа инаку е позната по своите разголени комбинации кои не кријат многу, и често се појавува полугола во јавноста, поради што еднаш беше пријавена во полиција. Имено во август 2023 година, Канје и Бјанка беа на одмор во Италија. Тие тогаш престојуваа во Венеција, а Бјанка се појави во оскудни модни комбинации, поради што Италијанците на крајот ја пријавиле во полиција.