[ВИДЕО] За само неколку секунди ја уништи осумгодишната љубов: Сопругата случајно ја дозна неговата шокантна тајна

Точка

03/02/2025

23:05

5.978

Големина на фонт

а а а

Верноста и довербата во врската се најважните компоненти за опстанок на љубовта, а тоа е она што ќе ви го кажат речиси сите парови. Кога тие ќе се нарушат, љубовта тешко може да преживее.

Еден инфлуенсер кој спроведува анкети, наишол на пар кој во видеото откри дека се заедно веќе осум години, додека во брак две, а тој побара од нив да направат брз тест за доверба.

„Дали смеете меѓусебно да си ги проверите телефоните и да видите дали постои некаква апликација за запознавање?“ – беше прашањето, но и темата на оваа снимка.


Мажот веднаш ја погледна својата сакана и рече дека смета оти „нема потреба“ за тоа, бидејќи нивната врска е изградена врз доверба и лојалност. Меѓутоа, девојката се насмевна и го убеди со зборовите „зошто да не“, а инфлуенсерот потоа им објасни дека овој тест може да се направи на друг начин.

Имено, тој им претстави апликација која со внесување на неколку лични податоци може да провери дали некоја личност има профил на апликација за запознавање, но и пред колку време ја користел.

После тоа, инфлуенсерот ги внел името, презимето и возраста на мажот од снимката, а резултатите биле поразителни. Се покажа дека мажот има профил на актуелните апликации за запознавање и дека ги користел пред околу пред пет месеци.


Потоа девојката со неверување го оттурна, се сврте и поразена сама си замина. Додека мажот викаше по неа, таа не се сврте, а нејзиниот „сакан“ кажа нешто што уште повеќе му го „извалка“ образот:

„Изгледа сега сум слободен, што да правам? Сфаќаш, тоа е, што е“.

Во коментарите под оваа снимка, корисниците на социјалните мрежи го изразија своето разочарување, особено што сите имаа впечаток дека девојката гордо го покажала свршеничкиот прстен за кој нејзиниот партнер тврдел дека штедел долго време, уште од средно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk