Реал едвај дочека да му го честита роденденот на Роналдо, Јунајтед се уште спие

Дерби

05/02/2025

12:32

337

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо денеска полни 40 години и одбележува еден навистина убав јубилеј во својот живот, а истиот го прославува како се уште актуелна фудбалска ѕвезда.

Роналдо и натаму ги тресе мрежите и не планира да се повлече на стартот на петтата деценија од животот, па во ситуација кога самиот си постави за цел да постигне 1000 голови, за очекување е да игра уште најмалку една, или две години.

Кристијано веќе почна да добива честитки од сите страни ширум светот за неговиот роденден, а со прва порака се јави Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ е препознатлив по тоа што никогаш не ги заборава своите легенди, па мора да се нагласи дека Реал прв испрати порака пред Спортинг Лисабон, а подоцна утрово пристигна честитка и од Јувентус.

Манчестер Јунајтед засега се уште спие и нема објавено ништо за Роналдо, иако за очекување е тоа да се промени во текот на денот.

– Сакан Кристијано, сите од Реал Мадрид ти испраќаме топли честитки за твојот 40-ти роденден. Сите мадридисти сме горди на твојата легенда, на тоа што го претставуваш за нашата историја. Ти посакуваме среќен ден со семејството и со твоите најблиски, – гласи пораката на Реал.