[ФОТО/ВИДЕО] Најпознатите светски убавици се соблекоа за Валентајн: Црвената чипка и минијатурната долна облека едвај ги кријат фаталните облини

Супермен

14/02/2025

11:53

7.712

Големина на фонт

а а а

Познати дами лансираа свои колекции дизајнирани да го забрзаат срцето по повод 14 февруари.

Како што се наближува Денот на вљубените, времето истекува да ја пронајдете совршената, заводлива долна облека за најромантичниот – и најстраствениот – ден во годината.

Ова најдобро го знаат познатите дами, па лансираа свои колекции дизајнирани да ви ги забрзаат срцевите отчукувања на 14-ти февруари. Така пејачки, манекенки, па дури и спортистки се одлучиле да позираат во долна облека.

Во продолжение ви ги пренесуваме најзаводливите изданија на познатите дами:

Ријана – „Savage X Fenty“

Позната по хитовите како „S&M“ и „Kiss It Better“, Ријана лансираше и жешка колекција долна облека овој февруари.


Во новата колекција „LoveLine“ на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“, пејачката позира како Купидон, со лак и стрела, во провокативни парчиња како боди од тантела, проѕирни чорапи и украсни налепници за гради. Доминираат црвените и црните тонови, секако тантела.


Фотографиите предизвикале воодушевување кај нејзините фанови, и собрале преку пет милиони лајкови на Инстаграм.

Емили Ратајковски – „Intimissimi“


Манекенката Емили Ратајковски е позната по своето совршено тело, а нејзината линија долна облека за „Intimissimi“ веќе е хит. Во црвен тантелен ансамбл со натпис „љубов“ (amore), 33-годишната ѕвезда уште еднаш покажа зошто е синоним за заведување. Таа позирала во црвена чипкана долна облека.


„Убавата долна облека им дава моќ и самодоверба на жените“, вели Емили, која од ноември е амбасадорка на овој светски бренд.

Аби Кленси


Позната по својот остар хумор и поткастот со сопругот, поранешниот фудбалер Питер Крауч, Аби Кленси овој пат се појавила во сериозно заводлива улога.


За кампањата „Agent Provocateur“ под ознаката „Секој изговор за заведување“, 38-годишната мајка на четири деца позира во смели црни модели со ремени и мрежести детали.


Зборувајќи за кампањите за снимање на „Agent Provocateur“, Аби признала дека тоа било „урнебесно искуство“. „Се сеќавам на рекламата од 2024 година каде што танцувам околу Питер додека тој е врзан за билјард – беше сосема бизарно!“, раскажала низ смеа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk