Британската манекенка Лили Филипс (24) која стана многу популарна на платформата „Онлифенс“ откако се пофали дека спиела со 100 мажи во еден ден, повторно ја шокираше јавноста откако објави дека е бремена!
Лили Филипс предизвикала голема контроверзија. Креаторката на содржината доби низа критики и интензивна дебата на социјалните мрежи за нејзините постапки.
Филипс морала да ги сподели резултатите од тестот за сексуално преносливи болести (СПБ) кој го направила по настанот. Во објава на Х, таа покажала дека тестот е негативен за инфекции како што се кламидија, гонореја, сифилис и ХИВ, придружувајќи ја сликата со фразата: „Поминав одлично“.
Таа до 2025 година имала предизвик да стане првата личност која имала секс со 1.000 мажи во еден ден. Нејзиниот план бил тоа да го направи во јануари или февруари 2025 година со зголемени безбедносни мерки.
Но, предизвикот ќе мора да почека малку. Лили Филипс во средата објавила дека е бремена. „Официјално е“, споделила креаторката на содржини за возрасни на нејзиниот личен Инстаграм профил.
Оваа вест дојде само неколку часа откако нејзината пријателка Бони Блу, која го собори рекордот спиејќи со 1.057 мажи за 12 часа, ја задеваше дека е постојано гладна, а на Инстаграм се огласи со две објави во кои таа го покажа својот стомак.
Таа објави и фотографија од тест за бременост, на која позира во тесен горен дел и тесни панталони, а под објавите, следбениците постојано прашуваат, дали знае кој е таткото.
Лили Филипс се најде на насловните страници минатиот октомври бидејќи призна дека спиела со 100 мажи во еден ден, а во декември објави филм за тоа.
„Искрено, ова не е за слаби девојки – беше тешко“, рече тогаш таа по „акцијата“.