Пред пет години, Роџер Федерер инвестирал во компанија – Таа сега има приходи од 2,4 милиони евра

Точка

06/03/2025

17:39

3.995

Големина на фонт

а а а

Роџер Федерер (43) е еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Швајцарецот во кариерата има освоено 103 турнири, од кои 20 се Грен слемови, што го става на третото место, зад Ѓоковиќ (24) и Надал (22).

Кариерата ја заврши во 2022 година со 1.251 победа и 275 порази и повеќе од 120 милиони евра заработени од турнири. На крајот од 2019 година, тој инвестирал во компанијата „On Holding AG“, која произведува спортска облека и обувки со седиште во Цирих, која забележа значителен раст во 2025 година.


Раст на приходите

„On Holding AG“ во вторникот објави дека генерирал приходи од 2,42 милијарди евра во 2024 година. Во изминатата година, неговите акции пораснале за околу 41 отсто, надминувајќи ги клучните ривали, вклучително и „Nike Inc.“ и „Adidas AG“, објави Блумберг.


Компанијата очекува темпото на раст да биде посилно во првата половина од 2025 година, делумно поради новите производи, вклучувајќи ги чевлите за трчање „Cloudsurfer 2“ од 150 евра и патиките „Cloud 6“ кои се продаваат за 140 евра.

„On Holding AG“ соработува со Федерер и Зендаја

„On Holding AG“ е основана во 2010 година и се промовира преку познати личности како актерката Зендаја и Федерер, коj се појави во овогодишната реклама прикажана во текот на Супер Боул. „Од своето основање во 2010 година, On помина долг пат од запуштен старт-ап до јавна компанија вредна десетици милијарди евра преку нејзината способност да ја стави технологија на елитни чевли на нозете на луѓето кои сакаат да трчаат“, ја опиша Форбс оваа компанија во написот од 2023 година.

Компанијата ги искористи проблемите на ветераните од индустријата како Најк, кои отворија простор за помалите брендови кога ги повлече своите патики од многу трговски синџири за да се фокусира на сопствената мрежа на продавници и онлајн продажбата.


Таа добива на интензитет со сопствената директна продажба, која речиси се удвои во четвртиот квартал на 277 милиони евра – што претставува речиси половина од вкупниот бизнис на компанијата. Прогнозата за раст на компанијата за 2025 година е малку над нејзината среднорочна цел од 26 отсто, а извршниот директор Мартин Хофман изјави дека е премногу рано да се размислува за зголемување на таа цел, пренесе swiss.info.

Федерер се приклучил на компанијата во 2019 година

На крајот од 2019 година „On Holding AG“ објави дека Федерер се приклучил на компанијата. „Кога се приклучи на On како претприемач, Роџер стана близок партнер на основачите и тимот на On. Тој го користи своето уникатно искуство за да помогне со унапредувањето на развојот на производите, маркетингот и искуството на обожавателите. Роџер исто така игра улога во развојот на спортскиот дух кој е во сржта на нашата култура.

Како дошло до оваа соработка? За разлика од традиционалните партнерства помеѓу брендовите и спортистите, тоа не започнало со типичен спонзорски разговор. „Кога го забележавме Роџер како носи On патики ширум светот, едноставно го контактиравме, и за кратко време тој се сретна со раководните лица од нашата компанија, по што се покажа дека тој веќе извесно време бил обожавател на On.


Но ова партнерство е многу повеќе од швајцарски корени. Како што се развиваше пријателството, стана јасно дека тој е природен лидер и претприемач и надвор од теренот. Ги цениме истите работи и ја споделуваме страста кон иновации и дизајн.

Тој ја привлекува најбрзо растечката глобална заедница на обожаватели и им се придружи на водечките брендови во САД, Европа и Јапонија. Роџер носи уникатен увид како еден од највлијателните и најпочитуваните спортисти на врвот на светскиот спорт.Заедно се стремиме да создадеме уникатни производи и искуства за фановите на On ширум светот“, објави тогаш швајцарската компанија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk