Барселона не успеа целосно да го искористи киксот на Реал Мадрид и да профитира на најдобар можен начин, па така на крајот мораше да се задоволи само со реми во дуелот со Бетис.
Иако важеше за апсолутен фаворит како тим кој има и дополнителен мотив по поразот на Реал од Валенсија, Барселона одигра само 1:1 против разиграниот андалузиски тим и не успеа да отиде на „плус шест“, а таквото сценарио не донесе баш позитивна атмосфера на „Монжуик“, нешто што особено важеше за Рафиња.
Капитенот на Барселона беше убедливо најлут по последниот судиски свиреж, но со своето однесување, Бразилецот ризикуваше да заработи и дополнителна казна.
Raphinha no t’enfadis que guanyarem aquesta lliga. pic.twitter.com/eGH1VKD46w
— Lluís Bou Morera (@lluis7bou) April 5, 2025
Рафиња во неколку наврати се обиде да влезе во вербална пресметка и физички контакт со судиите, меѓутоа во моментите на голема нервоза, доби лекција од двајцата најсмирени на теренот.
😢😢 https://t.co/54f71zNcu8 pic.twitter.com/9l6vVOHvfL
— Esia ♡ (@esiadrr) April 5, 2025
Најпрво Ханси Флик, а потоа и Марк Андре Тер Штеген го смируваат темпераментниот Бразилец, кој само благодарение на Германците мина и без посериозна казна на крајот од натпреварот со Бетис.