Анри за начинот на кој се победува Реал: Ако не веруваш, подобро остани дома…

Дерби

08/04/2025

14:21

2.653

Големина на фонт

а а а

Тјери Анри не успеа да ја освои Лигата на шампионите со Арсенал, но во 2006 година беше дел од генерацијата која го елиминираше Реал Мадрид уште во осминафиналето.

„Топчиите“ тогаш славеа во Мадрид токму со голот на Французинот, а со ремито пред своите фанови го потврдија пласманот во следната рунда, за подоцна да загубат во финалето од Барселона.

Како дел од екипата стручни коментатори на „Си-Би-Ес“, Анри добил прашање за начинот на кој се победува и Реал и тој се обидел да објасни што е најважно во пресрет на новиот двомеч меѓу Арсенал и Реал Мадрид.

– Најважно е да веруваш дека можеш да излезеш на крај со противникот.

– Јас бев во ваква ситуација и тоа со состав во кој имаше помалку талент од актуелниот, а кога одигравме без победник во Шпанија им се смееја и го прогласија резултатот за голем неуспех. Ако не излезеш на терен со верба дека можеш да го победиш Реал, подобро остани дома и не излегувај на теренот. Инаку, јасно е кој има поквалитетен тим и кај кого стои бројот 15, а кај нема освоено трофеј…

– Видов како Грција освои европска титула, како Лестер ја освои Премиер лигата. Никој не очекуваше такво нешто, но тие докажаа што значи да веруваш во себе. Атлетико одигра одлично против Реал, но тоа не беше доволно, истото се случуваше и во Сити во минатото, што значи дека им недостасува таа верба дека може да се носат со конкретниот противник, – вели Анри.