Легендарниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез ангажирале нов шеф на обезбедувањето, а исто така ги отпуштиле претходните членови на нивниот безбедносен тим поради загриженоста за нивната безбедност во Саудиска Арабија.
Португалецот кој живее во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, со Георгина и нивните пет деца, бил принуден да ја засили безбедноста на своето семејство откако добил неколку алармантни закани на социјалните мрежи, а кои наводно предизвикале полициска интервенција.
Според извештаите на медиумите, парот имал спокоен живот откако Роналдо се преселил во Ал Наср во 2023 година и уживале во нивните заеднички прошетки и излети во Ријад, но неодамна сè се променило откако почнале да добиваат вознемирувачки пораки на социјалните мрежи, што го поттикнало Роналдо на брза реакција.
Така Португалецот го ангажирал експертот за безбедност Клаудио Мигел Ваз како нов главен телохранител, извести „Marca“.
Ваз, кој има околу 12.000 следбеници на Инстаграм, е специјализиран за приватниот сектор и има искуство со работа во проблематичните населби, а својата репутација ја изградил штитејќи неколку музичари во проблематичните области на Португалија, вклучувајќи го и раперот НГА.
Исто така Ваз соработувал и со фудбалерите Рафаел Леао и Желсон Мартинс, а „Marca“ тврди дека одлуката за ангажирање на Ваз и отпуштање на претходниот персонал не била добро прифатена од многумина блиски до Роналдо.
Имено се вели дека постои загриженост за застрашувачкиот и агресивен стил на телохранителот, кој е многу поразличен од претходниот тим на Роналдо, а се наведува и дека пристапот на Ваз не одговара на имиџот и начинот на живот на португалската суперѕвезда, бидејќи неговите претходни постапки биле опишани како крајно агресивни.
Така, за време на последното патување на Георгина во Париз, Ваз имал задача да ги „попречува“ фотографите во нивната работа додека таа излегувала од возилото.
Имено тој користел силна батериска светилка, што наиде на многу критики на социјалните мрежи.