Фрлена бомба во куќата на Јуси Бенајун

Макфакс

08/04/2025

18:35

2.061

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите израелски фудбалери Јуси Бенајун преживеа бомбашки напад на неговата куќа во својата татковина.

Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Арсенал и Челзи бил во својот дом со семејството кога мотоциклист излегол пред куќата и фрлил бомба на вратата.

Експлозијата предизвикала пожар, а напаѓачот побегнал од местото во областа Рамат Харашон, северно од Тел Авив.


Сето тоа се случило во неделата околу 23.00 часот, а полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на терен, а пожарот брзо бил изгаснат. Нема повредени.

Полицијата соопшти дека овој случај го истражува како криминален напад, а не како терористички акт.

Бенајун бил во шок, но потоа дал изјава дека верува дека тој не бил целта, туку дека напаѓачот ја згрешил куќата.