[ВИДЕО] Ливерпул падна во Лондон за втор сезонски пораз во Премиер лигата

Дерби

06/04/2025

18:02

1.029

Големина на фонт

а а а

Составот на Ливерпул го претрпе вториот пораз во оваа сезона во Премиер лигата, прв на гостински терен и тоа во Лондон на пресметката со Фулам.

Избраниците на Слот загубија со 3-2, но и покрај овој негативен резултат понатаму имаат убедлива предност од 11 бода во однос на второпласираниот Арсенал кој во ова коло ремизираше со Евертон на „Гудисон Парк“.

Ливерпул поведе на натпреварот со погодокот на МекАлистер, меѓутоа потоа на сцена стапија домаќините кои до крајот на првиот дел трипати го матираа Келехер преку Сесењон, Ивоби и Муњиз за убедлива предност на паузата.

Лидерот се врати во игра во 72 минута со голот на Дијаз, па иако до крајот притискаше не успеа да го избегне поразот.

Брентфорд и Челси одиграа без голови, додека Тотенхем го реши Саутемптон со 3-1 и официјално го испрати во Чемпионшип лигата.