[ФОТО] Сексапилната сопруга на фудбалската ѕвезда со најжешките фотографии досега: „Би умрела за него …“

Супермен

08/04/2025

11:14

9.369

Големина на фонт

а а а

Алваро Мората, поранешен напаѓач на Милан, Реал Мадрид и Јувентус, а денес фудбалер на Галатасарај, повторно е во фокусот на медиумите – овојпат поради помирувањето со сопругата Алис Кампело, позната манекенка и инфлуенсерка.

По бурниот период кој кулминираше со развод во август 2024 година, Алис и Алваро решиле да почнат од почеток.

„Би умрела за него, тој е љубовта на мојот живот“, изјави Алис, искрено и емоционално.

Убавата манекенка не крие дека меѓу нив отсекогаш имало силна врска.


„Понекогаш вечеравме заедно или гледавме филм – заради нашите деца. Пораснавме заедно, не можам да си го замислам животот без него. И покрај сè што се случи, секогаш имавме потреба да разговараме, да се советуваме еден со друг“, додава таа.

На крајот, љубовта победила – посилна од сите проблеми низ кои поминале, и тие повторно се заедно.


„Преродени сме. Сфативме што значи кога не сме заедно. Страдавме, многу работевме на себе, и сега е уште поубаво. Повторно се откривме еден со друг. Неколку фактори нè доведоа до ова – не бевме доволно зрели, бевме премногу импулсивни. Тоа беше најголемата грешка во нашиот живот. Бевме млади, поминавме низ многу, а да се има четири деца е голем емотивен предизвик“, вели Алис.

Алис поминала низ тежок период по раѓањето на нивната четврта ќерка, Бела.


„Имав многу лоши моменти, бев болна со месеци, сè уште не сум целосно закрепната – ниту физички, ниту психички. Не изневеривме никого. Да не беше ова вистинска љубов, денес немаше да бидеме заедно. Понекогаш незрелоста и неможноста да се справиш со болката водат до постапки за кои подоцна горко жалиш. Но тоа сега е минато, и чувството е како да сме посилни од кога било. Ако и по болката и гневот сме овде – тоа значи дека љубовта е навистина посилна од сè“, заклучува сопругата на Алваро Мората.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk