[ФОТО] Познатата манекенка (71) објави фотографии во бикини: „Се чувствувам оптимистично“

Точка

09/04/2025

22:16

7.008

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Кристи Бринкли на Инстаграм се пофалила со фотографии на кои позира во костим за капење и ги воодушевила своите следбеници. Таа направила селфи за време на возење со брод, а на фотографиите позирала во црвено бикини.

„Се чувствувам оптимистично, а се надевам дека и вие така се чувствувате. На сите им посакувам блескави сончеви денови“, напишала Бринкли покрај фотографиите, а нејзините следбениците ѝ упатиле бројни комплименти во коментарите.


„Вау“, „Изгледаш фантастично“, „Изгледаш одлично и на 71 година“, „Изгледаш како повторно да имаш 16 години“, „Сè уште изгледаш неверојатно“, „Изгледаш среќно“ и „Апсолутно прекрасна. Прекрасна насмевка“, беа само дел од коментарите.

Ги најави мемоарите

Кристи во објава најавила дека нејзините мемоари „Uptown Girl“ излегуваат на 29 април. Насловот е инспириран од песната на нејзиниот поранешен партнер Били Џоел, а во нив таа пишувала за нејзината кариера која ја започнала како тинејџерка.


Богата кариера

Манекенката станала позната во 1970-тите со појавување на три последователни насловни страници на „Sports Illustrated Swimsuit“ и соработувала со познати брендови како „CoverGirl“.



Покрај нејзината манекенска кариера, Бринкли има глумено и во филмови, а најпозната е по улогата во „National Lampoon’s Vacation“ од 1983 година. Таа е активна во различни деловни потфати, а позната е и по нејзиниот ангажман во заштитата на животната средина и правата на животните. Инаку Кристи се мажела четири пати и има три деца, а неодамна откри дека имала рак на кожата, од кој успешно се излекувала.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk