Заработувал милиони, а денес едвај преживува како социјален случај: „Никогаш во животот не сум избришал под“

Супермен

14/04/2025

17:31

2.568

Големина на фонт

а а а

Во осумдесеттите години од минатиот век, Ајке Имел важеше за еден од најпознатите германски фудбалери, дел од тимот што ја освои Европската титула во 1980 година. Исто така, бранеше на две финалиња на Светските првенства – во 1982 и 1986 година. Денес, на 63-годишна возраст, Имел живее како социјален случај. Некогаш славниот голман, кој го носеше дресот на Манчестер Сити, преживува од социјална помош во износ од 563 евра месечно. Гостувајќи во серијалот „Зборуваме за пари“, отворено зборуваше за своите финансиски проблеми.

Имел призна дека по раздолжување на сите трошоци, му остануваат само 2.69 евра месечно. Во текот на кариерата, тој го бранеше голот на Борусија Дортмунд, Штутгарт и Манчестер Сити, каде што ја заврши својата кариера. За репрезентацијата на Западна Германија има 19 настапи.


За време на играчката кариера, Имел заработил значителна сума на пари. Признава дека живеел луксузно и никогаш не научил да се грижи за себе. „Никогаш не сум избришал под, не знам да готвам. Домашните работи како перење и чистење ми се туѓи, не знам ни како да користам машина за перење“, вели тој.


Сепак, благодарение на неговата работа со деца во локалната заедница каде што волонтира како тренер, сопственичката на локален ресторан му дозволува секојдневно да нарача оброк по негов избор.


По завршувањето на кариерата, Имел кратко време работел како тренер на нисколигашот Хајлброн помеѓу 1998 и 2001 година. Подоцна соработувал со Кристоф Даум во турскиот гигант Фенербахче како тренер на голмани, а работел и во Бешикташ и Австрија Виена. Но, подоцна западнал во сериозни финансиски проблеми и во 2008 година прогласил личен банкрот.


Со Штутгарт ја освои Бундеслигата во 1992 година, како и германскиот Суперкуп, а во 1989 година играше во финалето на тогашниот Куп на УЕФА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk