[ВИДЕО] Во потпетици и мини здолниште го „запали“ теренот, па се прошета покрај 48 години постарото момче

Точка

15/04/2025

17:51

1.449

Големина на фонт

а а а

Бил Беличик веќе не оди ниту на натпревари без својата поубава и помлада половина, речиси пет децении помладата Џордон Хадсон, која привлече големо внимание на теренот.

Инаку Беличик (72) веќе подолго време е во врска со речиси пет децении помладата Хадсон од која како што изгледа не се разделува, а овој пат вниманието го привлекоа на натпреварот, додека атрактивната убавица го поддржувала партнерот.


Манекенката која учествувала и на изборот за мис ги привлече сите погледи со провокативното издание. Таа самоуверено се прошета во бели чизми со високи потпетици, мантил и кратко здолниште со змиски принт која ги откри нејзините витки нозе, во комбинација со бела ролка.

Таа во еден момент дури се приближи до нејзиното момче, а ниту тој момент не го пропуштиле фотографите…

Watch on TikTok


Додека младата Џордон се појавила во провокативно издание, Беличик бил облечен полежерно.

Тие двајца официјално се во врска од јуни минатата година, а романсата се случила откако Беличик ја прекинал долгогодишната врска со Линда Холидеј.


Инаку Хадсон неодамна го прославила својот 24-ти роденден, а на социјалните мрежи се пофали со подароците што ги добила.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk