[ФОТО/ВИДЕО] „Изгледа посреќно со неа отколку со својата сопруга!“: Познатиот пејач уловен како се бакнува со друга девојка

Точка

19/04/2025

21:19

1.592

Големина на фонт

а а а

Џастин Бибер сподели видео од ноќен клуб и им откри на своите следбеници дека се дружи со раперката Секси Ред, чие вистинско име е Џејн Нира Вери. Тоа видео шокираше многу негови обожаватели.

Во видеото Џастин Бибер седи во сепаре и му приоѓа раперката. Насмеаниот Бибер ја прегрнува и ја бакнува во образ, додека нејзината песна „Hoochie Coochie“ свири во позадина.


Секси Ред објави и видео на својот Инстаграм профил. Се испостави дека раперката на таа забава го прославувала својот 27 роденден, а еден од поканетите очигледно бил и Бибер.

„Фала што дојде, Џастин“, напиша таа.

Многу обожаватели веруваат дека Џастин со ова видео покажал непочитување кон сопругата Хејли.

„Изгледа посреќно со неа отколку со Хејли“, „Никогаш не изгледал посреќно“, „Сите мислевте дека е депресивен, а му требаше само промена на сценографијата“, „Дали се обиде да ја бакне во уста?“, „Искрено ми е жал за сопругата“, „Зарем не си во брак“, „Заборавив дека знае да се смее“, се само дел од коментарите под видеото.

Неодамна се појавија гласини дека Џастин е во финансиски банкрот. Овие гласини почнаа да кружат откако поранешен вработен во тимот на Бибер во интервју за „Холивуд Репортер“ тврдеше дека пејачот должи милиони долари откако ја откажа светската турнеја „Justice“ поради здравствени проблеми.

ПР тимот по овие гласини излезе со соопштение за „Us Weekly“ во кое ги демантираше.

Во изјавата објавена од неговиот тим за односи со јавноста, Бибер ги нарече тврдењата за банкротот „глупости“ и „вести за кликање“ кои доаѓаат од несигурни извори, кои се разочарани што повеќе не работат со Џастин.

„Ова е глупост врз основа на лошо информирани извори кои се разочарани што повеќе не работат со Џастин“, се вели во соопштението.

„Како што Џастин напредува во својата кариера, овие непотребни приказни и лаги ќе продолжат. Сепак, тоа нема да го обесхрабри да остане на вистинскиот пат“.

Исто така, неговиот тим додаде: „Секој извор кој се обидува да продаде приказна за финансиски проблеми… или не ја разбира музичката индустрија, или се обидува да го прикаже Џастин во лошо светло, што нема никаква врска со реалноста“.