[ФОТО] Вжештени социјалните мрежи! Прва објава на Ана Ивановиќ по гласините за разводот: Дали го гледате она што и ние?

Точка

19/04/2025

22:32

2.091

Големина на фонт

а а а

Последниве неколку дена, во центар на вниманието е веста за можниот развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер.

И додека целиот свет чека оваа вест официјално да ја потврдат или да ја демантираат, Ана сподели фотографија на Инстаграм.


„Зајдисонца, денови на плажа и тениски сесии“, напиша Ана во описот на своите фотографии на Инстаграм.

Ана не откри со кого го поминува времето во Маврициус, а нејзините пријатели ја пофалија за нејзиниот прекрасен изглед и ѝ порачаа да ужива во одморот.

Засега ништо не се знае за причините за брачниот бродолом. Бастијан Швајнштајгер наводно поголемиот дел од времето го поминува во Минхен, каде што се посветил на професионални ангажмани, најчесто на улогата на телевизиски аналитичар, а Ана Ивановиќ се вратила во родната Србија со нивните тројца синови – Лука (7), Леон (4) и Тео (1).

Кога се вљубил во тенисерката, Бастијан ја напуштил својата тогашна девојка, моделот и актерка Сара Бранднер, со која живеел седум години и која тешко го поднела нивното раскинување. Сега, по девет години брак, доколку се остварат гласините и дојде до развод, благодарение на предбрачниот договор, секој од сопружниците ќе понесе со себе она што го донел во бракот.