Кој е Кимбал Маск: Се збогатил на сметка на својот брат и не верува во интелигенцијата на Трамп

Точка

25/04/2025

08:39

787

Големина на фонт

а а а

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ги „растури“ берзите со воведување царини, неговиот човек за намалување на јавните расходи и најбогатиот човек во светот, Илон Маск, го нападна советникот за трговија Питер Наваро.

Но, помалку е познато дека Кимбал Маск, помладиот брат на Илон, бил уште поостар во нападите врз Наваро но и кон Трамп. Имено, тој го нарече Трамп „претседателот со највисоки даноци“, обвинувајќи го дека ги зголемил цените со своите постапки, па дури и ја доведе во прашање неговата интелигенција. На крајот го повика да го отпушти Наваро.


Кој е Кимбал Маск?

Кимбал Маск е 53-годишен љубител на готвењето и обучен економист, кој се збогатил благодарение на акциите што ги поседува во две од најголемите компании на Илон – „Тесла“ и „СпејсИкс“. „Форбс“ моментално го проценува неговото богатство на 900 милиони долари, од кои 380 милиони се во акции на „Тесла“, а 200 милиони во акции на „СпејсИкс“.

Илон редовно го назначувал својот помлад брат во управните одбори и одборите на неговите компании. Со продажба на дел од своите акции во тие две компании, Кимбал веќе заработил повеќе од 360 милиони долари.


Инаку, следењето на Илон во бизнисот и политиката и, доколку било можно, без да му противречи, според бројни соработници кои го познаваат, била тактиката на Кимбал за стекнување богатство. Тој припаѓа на мала, но елитна група милијардери кои целото или дел од своето богатство му го должат на Илон Маск.

По неуспешниот стартап на социјалните медиуми, Кимбал лансираше два бизниси поврзани со готвење: „The Kitchen“, ресторан со стратегија од фарма до маса кој работи на само четири локации во Америка, и „Square Roots“, компанија за урбано земјоделство која одгледува зеленчук во бродски контејнери.


И покрај тоа што втората компанија собрала 90 милиони долари, главно од пријателите и деловните партнери на Илон, минатата година Кимбал ги отпушти повеќето вработени и се префрли на бизнис модел „земјоделство како услуга“.

И неговиот најнов проект, „Nova Sky Stories“, кој ги мери светлосните емисии на дроновите, исто така се потпира на врските и бизнисите на Илон.


Сепак, многуте конфликти што ги имал со Илон во младоста оставиле трага врз Кимбал. Многу од нивните партнери и вработени тврдат дека Кимбал е пристоен човек кого луѓето го сакаат, но тој никогаш нема да му противречи на својот 15 месеци постар брат, а и тој го призна тоа.

„Многу го сакам мојот брат, но беше тешко да се работи со него. Имаше моменти кога мислев дека повеќе не можам да издржам“, зборуваше Кимбал Маск во бројни американски поткасти и емисии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk