[ФОТО] Познатиот мурал со Коби Брајант бил уништен – Дончиќ ја платил неговата обнова

Точка

30/04/2025

14:01

924

Големина на фонт

а а а

Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и симболот на Лос Анџелес Лејкерс, загина на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа, на 41 годишна возраст.

Заедно со него, загинаа и неговата ќерка Џана (13) и другите седум лица во авионот. Оттогаш, многу улици во Лос Анџелес се украсени со мурали посветени на Коби.


Сепак, неодамна еден од неговите најпознатите мурали бил уништен. Но, Лука Дончиќ, новиот ас на Лејкерси, воодушеви со одлуката да донира пари за неговата обнова. Имено инстаграм профилот, „kobemural“ објави дека Дончиќ донирал пет илјади долари за обнова на муралот.


Инаку Брајант им се придружи на Лејкерси во 1996 година. Шарлот го избра како 13-ти пик на драфтот и веднаш го размени со Лејкерси за Владе Дивац.


Во текот на 20-те сезони во Лос Анџелес, Брајант освои пет НБА титули, а еднаш беше прогласен за МВП на регуларната сезона, и двапати за МВП на финалето. Исто така 18 пати настапи на ол-стар натпреварите. Со оглед на тоа дека играше неверојатно во Лејкерси носејќи дресови со броеви 8 и 24, двата се повлечени од употреба. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk