На „Reddit“ кружи табела во која за секој автомобил се запишува колку просечни плати би биле потребни за да се купи автомобилот.
За почеток, се враќаме на последните моменти од поранешната држава кога новиот автомобил сè уште бил луксуз кој се купувал „на метар“. Во тоа време, возилата на Застава биле во апсолутно мнозинство на југословенските патишта, а само ретките можеле да дојдат до нов автомобил од Запад.
Најевтиниот модел на Застава бил Југо 45 Корал, а на пазарот бил вториот најевтин модел. За Југо требало да се одвојат 30 просечни тогашни плати, а купувачот со месеци го чекал својот примерок. Секако, доколку сакал одредена боја, се плаќало „под шалтер“ најмалку 100 германски марки.
Да го споменеме и најевтиниот автомобил на југословенскиот пазар. Тоа било „Fiat 126“, кај нас попознат како „пегла“. За овој мал автомобил би морале да издвоите 19 просечни плати.
Ако одиме понапред на временската скала за околу петнаесетина години, доаѓаме до време на големи продажни акции. Рено ја започнал приказната со купување на стари автомобили, а во тоа време „клиото“ бил апсолутен хит. Ако се вратиме во 2004 година, кога Автоклубот го истражувал пазарот на нови автомобили, бестселер бил „клиото“.
Неспоредливо понапреден од гореспоменатото Југо, но сè уште без денес вообичаената опрема како клима-уред, чинел околу 9.200 евра. Преведено во просечните плати од тоа време, било неопходно да се издвојат 17 просечни плати за Клио – речиси двојно помалку отколку во доцните 1980-ти за гореспоменатиот 45.
Во последните две години автомобилите поскапеа. Доволно е да се погледнат актуелните ценовници и да се види дека автомобилите поевтини од 15.000 евра можат да се избројат на прсти од едната рака.
Ако го погледнеме новото „клио“ кое во меѓувреме се искачи на ниво на солиден семеен автомобил, сега почнува со цена од 16.790 евра. Меѓутоа, се работи за верзија со 65 КС, што е послабо дури и од малото „клио“ од пред 15 години, на кое тогаш се работело година и пол.
Хрватскиот магазин Индекс го зел примерот „клио“ TCE 90 Evolution, чија цена е 17.790 евра — што е двојно повеќе во споредба со, на пример, 2004 година. Ако ја споредиме со просечната месечна плата по вработен во правни лица во Хрватска за јуни, која изнесува 1.150 евра, произлегува дека денес за еден солиден автомобил е потребно да се издвојат околу 15,5 просечни хрватски плати.
Кога би избрале поевтин автомобил како „Дачија сандеро“, кој чини околу 15.000 евра, а со кој многумина би биле презадоволни. Во тој случај станува збор за помалку од 13 хрватски просечни плати, пишува весникот.