Со години бил во брак со жена за подоцна да признае дека е геј. Открил дека се гледал со маж додека бил оженет, а потоа ја опишал својата единствена хетеросексуална врска во животот.
„Иако во мојот живот имаше многу мажи, постоеше само една жена, а таа не влезе во мојот живот сѐ додека не наполнив 33 години“, напишал милијардерот во есејот за „New York Magazine“ со наслов „Вистината за нас, после сите овие години“.
Тој продолжил:
„Никогаш не сум го довел во прашање основниот авторитет на својата сексуалност над својот живот (се плашев од реакциите на другите)“.
Бери Дилер којшто е во брак со модната дизајнерка Дајана фон Фирстенберг од 2001 година, првпат отворено зборувал за своите минати врски со мажи. Неговото признание дека е геј ги преполни светските медиуми.
Претседателот на „IAC“ којшто има 83 години, кажал дека ја започнал врската со Дајана која сега има 78 години, откако се запознале во 1974 година, а „никогаш не го довел во прашање тоа што нејзиниот биолошки императив бил еднакво моќен во хетеросексуалноста како што тоа било и спротивност“. Кога се случила романсата, неговиот прв одговор бил – „кој би рекол?“.
Парот се разделил во 1981 година, па во 1991 година ја обновиле врската. Се венчале во 2001 година и немаат заеднички деца. Дизајнерката од бракот со принцот Егон фон Фирстеберг го има синот Александар и ќерката Татјана.
Дилер, којшто еднаш бил оженет со Дајана, во својот есеј додал „дека е свесен“ дека неговата врска со дизајнерката „предизвикала загриженост и многу негодувања“, алудирајќи дека оние во потесниот круг знаеле за неговата сексуална желба кон мажите.
„Врската која започна со рамнодушност, а потоа експлодираше во романса која беше природна за нас како дишењето, ги изненади сите останати. Тоа е навистина чудо за мојот живот“, додал тој и бракот го опишал како „единствена и целосна љубов“.
„И да, ми се допаѓаа и мажи, но тоа не беше конфликт со мојата љубов кон Дајана. Не можам да си го објаснам тоа себеси, а ниту на светот“. Тој истакнал дека тој и Дајана на некој космички начин биле предодредени еден за друг.
Напишал дека се поистоветува со модерните погледи кон сексуалните идентитети кои се многу флуидни и природни, без сите оние грубо дефинирани работи од минатиот век.
Портпаролот на дизајнерката за „Page Six“ вака го искоментирал есејот на милијардерот: „Тајната на почитувањето на љубовта и животот е никогаш да не лажете“.
Моментално не е прецизирано до каде се со нивната врска, но јасно се знае дека никој не поднел документи за развод.
„Бери безусловно ме сакаше 34 години. Го напуштив и отидов со друг маж, но другите мажи секогаш беа љубоморни на Бери, а не обратно“, изјавила дизајнерката во 2012 година.
Нагласила и дека тој ја прави среќна и дека е столбот на нивното семејство, како и дека не спијат заедно, но тоа им се допаѓа.