Без ниту еден збор се повлече од јавната сцена и стави крај на глумата: Иако сите посакуваат да се врати, славниот актер го бира животот надвор од камерите

Супермен

09/05/2025

10:54

563

Големина на фонт

а а а

Актерот Џек Николсон без ниту еден кажан збор се пензионираше во 2010 година, а после долго време неодамна бил забележан во јавноста и сите биле изненадени кога виделе како оди.

Актерската легенда Џек Николсон (88), веќе подолго време избегнува да се појавува во јавноста, а последен пат бил забележан на прославата на 50 роденден на популарната емисија „Saturday Night Live“ кога се појавил одејќи со помагало, па се претпоставува дека тоа е причината поради која ја избегнува јавната сцена.


„Не сака сега да се експонира јавно. Го видов и одеше доста нестабилно. Дел од неговата привлечност во минатото беше неговиот екстравагантен карактер и начинот на живот. Но, сето тоа ќе ве стигне со текот на времето. Мислам дека Џек и неговиот близок круг преферираат да се сеќавате на него каков што беше во минатото“, тврди извор близок до актерот.

Последната улога на Николсон беше во 2012 година во филмот „How Do You Know“, по што актерот се повлече од светот на филмот без никакво службено образложение.

На таа тема, во 2023 година се огласи и режисерот на филмот „Terms of Endearment“ Џејмс Л. Брукс, и изјави дека искрено се надева дека Џек Николсон во еден момент повторно ќе застане пред филмските камери.


„Постојано мислам дека ќе посака да се врати. Моја теорија е дека тоа не е неговата последна улога. Се надевам на тоа, тој е главен“, изјавил режисерот.

Своевремено се шпекулирало дека боледува од деменција, но таа информација ја демантирал водителот на емисијата „Fox News“, Били О’Рајли, тврдејќи дека тоа се бесмислени работи.

Меѓутоа, колку и да се надеваме и да сакаме Николсон да се врати на филмското платно, тој е доследен на одлуката да биде пензионер.


„Поминаа 14 години од неговиот последен филм. Негов пријател, музичкиот продуцент Лу Адлер, изјави дека Николсон многу сака да го поминува времето читајќи книги под дрво. Тоа веројатно е заслужена и официјална пензија“, изјавил авторот и критичар Џефери Макнаб во 2023 година за „The Independent“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk