[ФОТО/ВИДЕО] Лука ги посетил сите земји во светот, а сега открива каде му било најлошо: „Само ве користат како вреќа со пари“

Точка

09/05/2025

19:59

1.196

Големина на фонт

а а а

Лука Пфердменгес, 23-годишен жонглер и инфлуенсер, официјално ја посетил секоја земја на планетата.

Младиот германски патник ја постигнал својата цел во Палау, островска држава во западниот дел на Тихиот Океан, на 24 април, а за Дејли Меил вели дека има неколку земји во кои дефинитивно ќе се врати.


„Постојано се враќам во Латинска Америка – особено ги сакам Мексико и Колумбија – тие едноставно имаат многу да понудат, одлични луѓе и неверојатна храна. Тел Авив, Израел е исто така едно од моите омилени места.“

Но, има и дестинации кои во иднина ќе ги прескокне …

„Мојата најмалку омилена земја веројатно би била Науру [североисточно од Австралија]“, открива Лука.

„Тоа е само мал остров. Можете да го обиколите за околу половина час, и сте виделе сè. Нема многу да понуди … Нема убави плажи, а во центарот се наоѓа само рудник за фосфати. Луѓето беа многу љубезни, но тоа не е место што ме возбудува“.

Египет исто така не успеа да го импресионира Лука.

„Навистина не уживав премногу. Има многу историја што секако е фасцинантно, но имаше места кои беа премногу туристички за мојот вкус. Одиш во Каиро и сите се обидуваат да во продаваат работи и само да ве користат како торба со пари. Слични искуства добивате на многу од тие туристички дестинации, како што е Занзибар во Танзанија.“

Тој, исто така, не планира наскоро да се врати на Малдивите, каде што „имаат едни од најубавите плажи на светот, но во одреден момент сте во фазон: „’Што друго има таму?‘ А одговорите се многу оскудни“.

Опасни земји од кои носи лоши искуства

Лука открива дека другите земји во кои веројатно нема да се врати се „многу опасни“, a меѓу нив се Хаити, Папуа Нова Гвинеја, Сомалија и Судан.

„Поминав одлично во Судан со мојот водич. Но, тоа се тешки места. Тие се оние каде, ако бидам искрен, би рекол: ’Не, не би сакал да се вратам‘.“


Во Авганистан се нашол речиси среде пукање, бил сведок на кражба на автомобил во Папуа Нова Гвинеја, а во Аргентина му го извадиле ланчето од вратот.

Неодамна, инфлуенсерот на социјалните мрежи открива дека дури и бил уапсен во Мали.

„Бев обвинет затоа што го фотографирав кружниот тек, а не беше така“, рекол тој. „Бев во такси и имав малку прашина во окото. Го извадив телефонот за да си го проверам окото, а еден дечко ми пријде, ме зграпчи цврсто, ме однесе и ме заклучи во соба. Сакаше 150 долари/112 фунти за да ме пушти, што е смешна сума за Мали. Одлучив да чекам таму додека не ме пушти. На крајот платив 20 долари/15 фунти и си заминав. Не сакам да вложувам пари во мито, но понекогаш е тешко да се избегне.“


„Не судам за земјата според нејзината политика“

Иако има стекнато повеќе од три милиони следбеници на ТикТок, Лука објаснува дека добил и многу негативни коментари на социјалните мрежи поради посетата на некои од поконтроверзните дестинации на неговата листа, како Сирија под режимот на Асад и Северна Кореја.


Меѓутоа, тој тврди дека е неправедно да се суди за земја врз основа на стереотипи.

„Никогаш не судам за земјата според нејзината политика. Милиони луѓе живеат на едно место, а земјите не се дефинираат според нивната политика“, вели тој.

Тој открива дека запознал пријатели ширум светот, но вели дека луѓето од Пакистан и Иран се издвојуваат.

„Пакистан е навистина гостопримлив“, вели Лука. „Исто е и со Иран. Тешко е ако патувате во тие места да платите оброк, бидејќи сите сакаат да ве поканат во својата куќа. Поминав три недели во Пакистан и бев поканет во речиси секој ресторан за бесплатни оброци.

Најпотценети дестинации во светот

Што се однесува до најпотценетите дестинации во светот, Лука ги препорачува Узбекистан, Казахстан и Мјанмар, кои ги опишува како места кои „луѓето обично не размислуваат да ги посетат, но имаат толку многу да понудат“.

„Три пати бев во Узбекистан и можев да се вратам и да видам уште толку многу работи. Ако одите на југот на Казахстан, ќе најдете планини исто како оние во Швајцарија, но чини една десетина од цената. Во Мјанмар луѓето се толку неверојатни и толку среќни што сте дошле во нивната земја.


Ел Салвадор е исто така еден од неговите најдобри избори, поради неговите „пријателски луѓе и одличната храна“.

Па, што е следно за човекот кој видел сè?

Ќе продолжам да патувам“, вели Лука. „Но, огромна мисија е да се обидеш да ја посетиш секоја земја во светот. Навистина треба да патуваш на многу структуриран начин ако сакаш да ја постигнеш таа цел. Се радувам што ќе можам да бирам дестинација на која сакам да одам и да патувам на места кои навистина ме возбудуваат.“