Познатиот рапер избоден 14 пати во затвор

Точка

13/05/2025

13:37

1.719

Големина на фонт

а а а

Канадскиот рапер Тори Ланез во понеделник бил примен во болница во критична состојба, откако друг затвореник брутално го нападнал со импровизиран нож, и со истиот го избол повеќе од десет пати по целото тело, предизвикувајќи колапс на двата белодробни крила.

„Има болки, но зборува нормално“

Тимот на Ланез соопшти дека бил избоден 14 пати – седум пати во грбот, четири пати во торзото, двапати во задниот дел од главата и еднаш во левата страна од лицето.


Поради колапсот на двете белодробни крила, тој бил ставен на респиратор, но сега дише самостојно, соопштија неговите соработници. Тие додаваат дека „трпи болки, но зборува нормално, е расположен и длабоко му е благодарен на Бога што преживеал и им се заблагодарува на сите што го поддржуваат.

Неговиот адвокат Хозе Баез изјави за ТМЗ дека Ланез е оптимистичен, во добро расположение и закрепнува. „Ова е силен млад човек, од кого се очекува целосно да закрепне“, рече тој.

Тој е во затвор бидејќи ја застрелал раперката

Затворски службеник изјави дека Ланез бил нападнат од друг затвореник во „California Correctional Institution“ во Техачапи околу 7:20 часот наутро. Тој бил однесен со амбулантно возило во болница надвор од комплексот, а потоа поради сериозноста на повредите бил префрлен со хеликоптер во болницата „Kern Medical“.


Тори Ланез, чие вистинско име е Дејстар Питерсон, отслужува казна затвор бидејќи ја застрелал раперката Меган Ти Сталион во 2020 година по забава во куќата на Кајли Џенер во Холивуд Хилс. Тој беше прогласен за виновен во 2022 година и осуден на десет години затвор во 2023 година. Затворот во Техачапи се наоѓа околу 190 километри северно од Лос Анџелес.


Обвинителството го припиша конфликтот на „повреденото его“ на Тори Ланез. Канаѓанецот беше разбеснет од фактот дека „Меган беше поуспешна од него“, истакна главната обвинителка на сослушувањето. Од друга страна одбраната на Ланез предупреди дека истрагата била спроведена набрзина. Неговиот адвокат Џорџ Мгдесјан го сведе случајот на љубомора, обвинувајќи ја секретарката на пејачката дека таа всушност пукала од пиштолот.