Тимот на Париз за кого настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс ја обезбеди првата позиција за плејофот во првата француска лига.
Париз во завршната рунда од основниот дел го разби Нанси на негов терен со 105:86 и на најдобар начин го искористи киксот, поразот на Монако од Шалон, поточно ќе ја има улогата на прв носител во разигрувањето за пехарот, односно ја обезбеди предноста на домашен терен.
Шортс го испорача она што се очекува од него, постигна 16 поени со 7 асистенции. Поефикасен од него беше Хифи кој реализираше четири тројки од шест обиди или вкупно 20 кошеви.
Кој ќе биде ривалот на Париз ќе се знае по одигрувањето на плејин фазата.