[ВИДЕО] Алкалоид со докторска партија ги замолкна Грците и направи голем исчекор кон историска титула!

Дерби

18/05/2025

20:51

1.150

Големина на фонт

а а а

Алкалоид е на добар пат да ја осови својата прва титула во еворпскиот ракомет, откако ланскиот шампион во македонскиот Куп ова попладне одигра докторска партија во Атина, со која замолка повеќе од 7.500 навивачи на АЕК.

Грчкиот тим важеше за голем фаворит на првиот натпревар на домашен терен, но момците на Кирил Лазаров одиграа речиси перфектно и во текот на целиот меч го контролираа резултатот.

Алкалоид одби на почетниот притисок и брзо се врати по негативата од 2:0, па во продолжение беше тимот кој најчесто водеше во првото полувреме, но и оној кој заслужено замина на пауза со 14:16.

Второто полувреме беше уште подобро за нашиот претставник и покрај тензичната атмосфера и провокациите од трибините, но дури и нападот со предмети не ги поколеба избраницитен на Лазаров да стигнат до посакуваната цел.

На 20 минути пред крајот, Митев беше погоден со тврд предмет од трибините, по што следеше продолжување на шоуто на Галевски кој во тие моменти одбрани трет пенал во низа. До крајот на мечот, голманот на Алкалоид успеа да одбрани уште два и целосно ги излуде играчите на АЕК, па без никаков сомнеж прерасна во еден од јунаците на големиот триумф.

Откако одговори на сите ракометни и неракометни напади, Алкалоид стигна до најголема предност од „плус четири“ во последниот свој напад, па така на крајот со големи 25:29 се враќа во Скопје каде за една седмица ќе се игра реваншот во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.

Галевски на крајот го заврши мечот со девет одбрани, Кизиќ имаше една повеќе, а најефикасен во офанзивен дел беше Серафимов со шест погодоци.