Баварците загрижени за ѕвездата: Не сака да ја прифати нашата понуда

Дерби

18/05/2025

17:54

536

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен по една година се врати на тронот во германскиот фудбал и со тоа испрати јасна порака до конкурентите дека планира да остане да доминира во Бундеслигата и во наредниов период.

Тој воедно успеа да потпише нови договори со повеќе клучни играчи како Мусиала, Дејвис и Кимих, на таа листа не е легендата на клубот Милер кој си заминува, листа на која како што стојат работите нема да биде ниту Лерој Сане.

Иако во еден момент изгледаше дека офанзивецот ќе се обврзе на нова соработка, работите се сменија откако назначи нов агент и играчот сега не сака да го прифати тоа што му се нуди на маса што значи дека за брзо време може да биде слободен фудбалер затоа што има договор до 30 јуни.

-Тој рече дека не сака да ја прифати нашата понуда во оваа форма. Нема зла крв. Понудата е тука. Ја изразивме нашата желба. Можете да почувствувате, барем според мене, дека Лерој сака да остане. Сега ќе видиме што ќе се случи во следните неколку дена, -истакна оперативецот Макс Еберл.

Сане од 2020 година е дел од Баерн, претходно играше за Манчестер Сити и Шалке 04.