[ФОТО] Гвардиола одби да се поздрави со јунакот на Кристал Палас, голманот Хендерсон откри што му порачал на Пеп

Дерби

18/05/2025

17:52

727

Големина на фонт

а а а

Кристал Палас испиша историја и го освои својот прв трофеј од основањето на клубот, успех кој беше уште позначаен ако се знае дека во финалето беше победен тимот кој со години доминираше во Англија.

Избраниците на Глазнер го надмудрија Манчестер Сити и со минимална победа од 1:0 стигнаа до посакуваната титула, а иако стрелец на единствениот гол беше Езе, сепак МВП улогата му припадна на Дин Хендерсон.

Голманот на Кристал Палас му одбрани пенал на Мармуш во првото полувреме и имаше уште неколку извонредни реакции, но се најде во центарот на вниманието и по последниот судиски свиреж.

Пеп Гвардиола одби да се поздрави со јунакот на новиот победник во ФА Купот и нервозно одмина крај него, меѓутоа Хендерсон не остана должен и со јасни гестикулации му одговори на Шпанецот.

По одработената церемонија и доделените медали, Хендерсон доби прашање од новинарите за непријатната ситуација која ја имаше со Пеп, а голманот на Палас откри дека Шпанецот бил нервозен поради потрошеното време од негова страна во завршницата.

– Сакав само да се поздравам со него, но очигледно тој беше разочаран од начинот на кој го трошев времето. Му реков дека добија 10 минути продолжение, не треба да има тешки мисли, – изјави Хендерсон.


Видетото погледнете го ТУКА.