Денвер Нагетс не можеше да одговори на Оклахома Сити Тандер и доживеа убедлив пораз од 125:93 во мајсторката за пласман во финалето на западната конференција во НБА лигата.
Гостите ја добија првата четвртина, но потоа домаќините земаа залет, беа далеку посвежи, подобри, погладни за триумф и заслужено дојдоа до резултатот кој ги носи на мегдан со Минесота Тимбервулвс.
Никола Јокиќ и на овој меч беше лидер за составот од Колорадо со 20 поени, 9 скока и 7 асистенции, па запрашан дали овој состав на Денвер реално би имал шанси да биде шампион ако се сите здрави и подготвени, Србинот даде јасен одговор:
- Мислам… Не го направивме тоа, па очигледно не можевме. Да можевме, ќе го направевме тоа. Не верувам во тие приказни од типот „што ако“. Имавме шанса и не победивме, - истакна Јокиќ кој не знае дали ќе игра за Србија на ЕП.
- Мислам дека Олимписките игри ме направија подобар. Знаете, играв со други играчи, тоа ме направи подобар. Треба да размислам за учество на Евробаскетот, ќе разговарам со тренерите и некои од главните играчи. „Ќе видиме, но следните неколку дена веројатно ќе има голема количина пиво, - подвлече Јокиќ.