Меси по лошите резултати на Интер Мајами: Ова е комплицирано време, мораме…

Дерби

19/05/2025

15:15

217

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами бележи лоши резултати во изминатиов период, тимот не е на посакуваното ниво и тоа максимално утрово го искористи и Орландо Сити кој како гостин славеше со убедливи 3-0 на дуелот во МЛС лигата.

Ова за Интер Мајами беше трет лигашки пораз, втор во последните три натпревари и притоа изразен со три разлика што е уште еден проблем за составот кој го предводи Хавиер Маскерано.

Капитенот Лионел Меси можеби е единственот што добива позитивни оценки за своите настапи, ама и тој засега не успева да помогне да се сврти ситуацијата во посакуваниот правец.

- Треба да продолжиме. Ова е комплицирано време. Но, сите ќе останеме обединети. Ние сме тим во тешки времиња, бидејќи кога сите победуваат, лесно е, но сега кога доаѓаат тешки времиња, тогаш мора да бидеме пообединети од кога било, да бидеме вистински тим и да продолжиме напред, бидејќи имаме што е потребно. Да размислиме што е следно и да се подготивме за наредниот натпревар, - истакна Меси.