[ВИДЕО] Донарума во солзи, ужасна повреда на Мусијала

Макфакс

05/07/2025

20:05

1.354

Големина на фонт

а а а

Првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство во Атланта помеѓу ПСЖ и Баерн ја обележа ужасната повреда на Џамал Мусијала.

Третиот четвртфинален натпревар на Светското клупско првенство, кое се игра во Атланта, во најавата изгледаше како вистински фудбалски спектакл, а дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ги оправда очекувањата, барем до крајот на првото полувреме.

Пачо прво го блокираше Џамал Мусијала, а потоа интервенираше Џанлуиџи Донарума. Голманот на Италија успеа да ја фати топката во обид да стигне до топката, но во таа прилика незгодно го закачи и германскиот репрезентативец.

Мусијала остана да лежи на тревата во болки, а медицинскиот тим веднаш се упати кон теренот за да му помогне. Впчаток е дека станува збор за фрактура на зглобот.

Донарума брзо ја сфати сериозноста на ситуацијата – се фати за главата и го „закопа“ лицето во дресот, видливо потресен од она што се случи.