Најбогатиот Романец кој му помогнал на Ѓоковиќ, а на Брена ѝ бил кум: Со помош на овој потег изградил империја и станал милијардер

Точка

20/05/2025

14:25

3.699

Големина на фонт

а а а

Иако неговото име можеби поретко се појавува во светските таблоиди, Јон Циријак е без сомнение една од највлијателните и најбогатите личности во источноевропскиот бизнис пејзаж.

Поранешен професионален тенисер, олимпиец, а денес милијардер, Циријак е човек кој вешто го претвори својот спортски дух во бизнис инстинкт и изгради империја вредна повеќе од 2,1 милијарди долари.


Неговото име е поврзано и со почетоците на едниот од најголемите спортисти на денешницата – Новак Ѓоковиќ, на кого, како што тврдат многумина, токму Циријак му ја отворил вратата кон професионалниот тенис. Но, приказната за Циријак оди многу подалеку од земјените терени и тениските рекети.

Од тениски терен до бизнис врвот

Роден во 1939 година, Циријак првично се прослави како професионален тенисер и хокејаш на мраз. Тој играше на Зимските олимписки игри во 1964 година, а освои повеќе од 40 титули на тениските терени, вклучувајќи го и Ролан Гарос во парови во 1970 година со Илие Настасе.



Но, вистинската трансформација се случила по неговото враќање во Романија по падот на комунизмот. Имено Циријак ја основал првата приватна банка во посткомунистичка Романија – „Tiriac“ банка, а потоа бројни други компании под капата на „Țiriac“ групацијата.

Неговата бизнис империја вклучува:

- банкарство и осигурување

- трговија со луксузни автомобили

- воздушен транспорт

- недвижности

- спортски настани

Исто така тој го организираше и престижниот тениски турнир Мадрид Опен, кој го продаде во 2022 година за околу 390 милиони евра.


Импресивна колекција на автомобили

Циријак е страстен колекционер на автомобили. Неговата колекција „Țiriac“ сместена во близина на Букурешт, има повеќе од 400 луксузни и историски возила, вклучувајќи модели од „Ролс-Ројс“, „Ферари“, „Мајбах“ и „Бентли“. Колекцијата вреди повеќе од 100 милиони долари и е отворена за јавноста како музеј.



Контроверзии: Луксузот и ловот – мета на критики

Како и многу богати луѓе, Циријак се здоби со критики. Неговиот годишен елитен лов на диви свињи, кој ја собира европската елита, од аристократи до познати личности, е особено критикуван. Со години организациите за заштита на животните го осудуваат настанот, но Циријак тврди дека месото се донира во сиропиталишта.


Исто така, неговата поврзаност со политичките структури на транзициска Романија и неговиот брз подем по комунизмот предизвикаа сомнежи и шпекулации – иако никогаш официјално не бил обвинет за некакво нелегално дело.

Приватен живот: Далеку од очите на јавноста

Тој беше во брак со ракометарката Ерика Браедт, а подоцна беше во врска со египетската новинарка Софија Ајад, со која доби две деца. Неговиот син Јон Циријак Помладиот е исто така активен во бизнисот, додека самиот Циријак ретко се појавува во медиумите.


Врската со Новак Ѓоковиќ

Еден од поинтересните делови од наследството на Циријак е неговата рана поддршка за Новак Ѓоковиќ. Имено во време кога Ѓоковиќ бил тинејџер, Циријак му  дал две вајлд-кард покани за АТП турнирот во Букурешт, што беше една од првите професионални можности за Ѓоковиќ.


Исто така, Циријак ја продал лиценцата за турнирот од Будимпешта на семејството Ѓоковиќ, што го овозможи враќање на „Serbia Open“ во Белград, а Новак и неговите соработници подоцна станале организатори на тој настан.

По олимписката победа на Ѓоковиќ во 2024 година, Циријак лично му честиташе.

Кум на свадбата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Циријак беше кум на пејачката Лепа Брена и тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ на нивната венчавка што се одржа на 7 декември 1991 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград.


Нивната свадба беше прогласена за „свадба на деценијата“ во поранешна Југославија во тоа, а Циријак, како близок пријател на Боба од неговите тениски денови, беше еден од сведоците на церемонијата.


Циријак пристигна на свадбата со приватен авион и им подари на младенците еден од најскапите автомобили во тоа време.

Јон Циријак е симбол за тоа како спортската дисциплина може да се преведе во деловен успех. Неговата приказна е моќен пример за трансформација – од романски олимпиец до европски милијардер. И попатно, речиси дискретно, „влијаел“ и врз животот на Новак Ѓоковиќ – човекот кој подоцна ќе стане тениска легенда.


Во време кога богатството се мери не само со пари, туку и со влијание, Циријак е несомнено едно од најважните имиња од Источна Европа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk