Иако викендот во Имола не мина онака како што навивачите на Ферари се надеваа, Шарл Леклер и Луис Хамилтон сепак освоија важни поени во седмата трка од годинашниот шампионат на Формула 1. Хамилтон заврши на четвртото, а Леклер на шестото место, со што му донесоа 20 поени на Ферари — доволно за да ја задржат борбата за втората позиција кај конструкторите, но недоволно за да ги исполнат големите очекувања на „тифосите“.
По напорната трка, Леклер реши да се опушти на еден невообичаен начин — со посета на "McDonald’s". Возејќи го својот ексклузивен "Ferrari SF90 XX Stradale", вреден 800.000 евра, Леклер ја подигна својата нарачка од ресторан за брза храна во близина на патеката во Имола. Неговото појавување предизвика вистинска еуфорија кај присутните фанови и персоналот на ресторанот. Со него беа и неговата девојка Александра Сент Млеу и нивното куче.
Ретка серија од само 799 примероци
Особено возбудена беше една вработена која веднаш го препозна ѕвездата на Ферари додека му ја подаваше храната низ прозорецот. Возилото на Леклер дополнително го привлече вниманието бидејќи станува збор за многу редок модел, произведен во само 799 примероци. Поседува импресивна моќност од 1.016 коњски сили, благодарение на комбинацијата на 4-литарски "V8" мотор и електричен погон од 171 kW. Се верува дека токму примерокот на Леклер е дополнително персонализиран.
Следниот предизвик го чека веќе овој викенд во Монако, каде што ќе се обиде да го подобри својот бодовен пласман. Моментално е петти во генералниот пласман со 61 бод, додека Ферари го држи третото место меѓу конструкторите со вкупно 113 бода.
Leclerc po wczorajszym wyścigu na Imoli pojechał na McDonalda - wbrew pozorom bardzo „ludzki” obrazek. 😂#F1PL #FONR #EmiliaRomagnaGP pic.twitter.com/PYOJWs53q6
— FOneRacing (@FOneRacingg) May 19, 2025