Поранешниот тренер на Денвер му го сврте грбот на Јокиќ: Шеј покажа зошто е МВП

Дерби

21/05/2025

12:54

771

Големина на фонт

а а а

Мајк Мелоун заработи отказ од Денвер во текот на сезоната, одлука која секако беше големо изненадување за најголем број фанови на поранешниот НБА шампион, истовремено активирајќи и многу шпекулации околу мотивите на клубот за ваков потег.

Во периодот додека работеше со Нагетс и го одведе овој тим до шампионска титула, Мелоун никогаш не штедеше комплименти за првата ѕвезда Никола Јокиќ, постојано потенцирајќи го неговиот МВП материјал.

Мелоун и сезонава тврдеше дека Јокиќ повторно треба да биде МВП и покрај фактот што Шеј Гилџус-Александер има потенцијал за престижното признание, а сега како стручен коментатор непријатно ги изненадил фановите на Денвер со својот став.

– Шеј Гилџус-Александер покажа зошто е МВП.

– Ја презема работата во свои раце во второто полувреме, беше многу ефикасен и го презема товарот на екипата кога беше најпотребно, – рекол Мелоун, анализирајќи го триумфот на Оклахома Сити над Минесота.

Канадскиот кошаркар постигна 20 од 31 поен во второто полувреме и беше главен виновник што Тандер поведе во серијата против „волците“.