[ВИДЕО] Хаос по мечот! Судијата претепан, спас побара со скок со глава надвор од рингот

Точка

20/05/2025

18:24

2.576

Големина на фонт

а а а

По прогласувањето на победникот во мечот во кој Гименез го совлада Нијевес, едно лице му пријде на судијата и го удри со силна шлаканица. Во тој момент настана целосен хаос што речиси прерасна во линч.

Настанот од боксерскиот настан во Доминиканската Република ја шокираше јавноста. На манифестацијата организирана од "Shuan Boxing Promotions" во Санто Доминго, која ја предводеше борбата помеѓу Норбелто Гименез и Марселино Нијевес, се случија вознемирувачки сцени.

Инцидентот во кој судијата Смајлин Валдез стана жртва на насилен напад од разлутена толпа, предизвика остра осуда од боксерската јавност, пренесува "Croring".

Имено, веднаш по официјалното прогласување на победата на Гименез над Нијевес, едно лице му се приближи на судијата и го удри со силен шлаканица. Оттука започна хаосот кој за малку ќе прераснеше во отворено насилство.

Во рингот влегоа повеќе луѓе, кои го опкружија судијата, го натераа во аголот и започнаа да го удираат. Судијата се обидуваше да се заштити, а во еден момент, во паника, скокна со глава надвор од рингот барајќи спас.

Снимката од настанот, која брзо се прошири на интернет, предизвика бурни реакции кај фановите и членовите на меѓународните боксерски организации, кои едногласно го осудија ваквото дивјачко однесување.