Софија Вергара, ѕвездата на серијата „Modern Family“, зборуваше за разводот со актерот Џо Манганиело, но и за тоа што бара од идниот партнер.
Вергара и Манганиело беа во брак седум години, но бракот заврши, вели таа, поради несогласувања околу децата.
„Мојот брак заврши затоа што мојот сопруг беше помлад и сакаше деца, а јас повеќе не сакам да бидам стара мајка“, изјавила 52-годишната актерка.
„Мислам дека тоа не е фер кон детето. Ги почитувам оние што го сакаат тоа, но тоа повеќе не е за мене“, додала таа.
Манганиело, пак, во интервју за „Men’s Journal“ во 2024 година изјавил дека со текот на времето едноставно се оддалечиле.
Сега познатата актерка во една емисија открила какви карактеристики би сакала да поседува нејзиниот иден партнер.
„Сакам некој висок и убав“, рекла низ смеа, а потоа со посериозен тон додала:
„Сакам некој кој има барем онолку пари колку мене или повеќе. Затоа што ако нема, тоа станува ноќна мора“.
Според неа, финансиската разлика може да стане извор на проблеми во врската.
„На крајот, тој маж може да замери и да ја мрази жената која заработува повеќе“, објаснила таа.
Истакнала и дека најважно ѝ е да ужива и да се забавува со идниот партнер.