Алесандро Дел Пјеро во моментов работи само како стручен коментатор за неколку медиуми, но очигледно планира да започне и тренерска кариера.
Поранешниот капитен на Јувентус и голема легенда на светската фудбалска сцена вчера официјално се пофали пред фановите дека ја добил потребната тренерска лиценца, успешно завршувајќи го тренерскиот курс под патронат на Италијанската фудбалска федерација.
– Од денеска можете да ме викате „Мистер“ – порача Дел Пјеро преку социјалните мрежи, покажувајќи ја дипломата со која официјално ќе има можност да прифати и прв тренерски предизвик.
Иако успешната и трофејна фудбалска кариера не е гаранција за идниот тренерски пат на Дел Пјеро, нормално е фановите на Јувентус да се надеваат дека еден ден ќе добие шанса да ги води „бјанконерите“.
Дел Пјеро помина 19 сезони во редовите на Јувентус, при што освои шест шампионски титули и една во Лигата на шампионите.