Роналдињо: Време е Јамал да испише историја како јас и Меси

Дерби

21/05/2025

14:17

334

Големина на фонт

а а а

Бразилската легенда Роналдињо очекува Ламин Јамал да продолжи да ги импресионира фудбалските фанови и посакува да ги следи неговите и чекорите на Лионел Меси, фудбалери кои освоија многу индивидуални награди и клупски трофеи во дресот на Барселона.

Поранешниот фудбалер на Барса реализирал интервју за „Марка“, а една од темите биле Јамал и неговиот потенцијал.

– Она што Јамал го покажува на негова возраст е неверојатно. Сакам да гледам фудбалери како него и се надевам дека ќе има врвна кариера. Јас и Меси испишавме историја со овој клуб, сега е негов ред, – рекол Бразилецот, кој коментирал и дали 17-годишниот фудбалер ја заслужува „Златната топка“.

– Јамал е на ниво со кое може да се освои ова признание. Има и други големи фудбалери во моментов, но тој е еден од нив и според мене може да влезе во историјата не со едно, туку со многу освоени „Златни топки“, – вели Роналдињо.

Бразилецот дал оценка и за сезоната на својот поранешен тим.

– Барса повторно е извор на задоволство и уживање. По неколку тешки години, екипата е повторно насмеана. Реал исто така има силен тим со врвни играчи, но сезонава Барса им зема мерка на сите дерби пресметки и се надевам дека така ќе продолжи и во иднина, – потенцирал Роналдињо.