Вардар и Струга вечерва ќе се борат за трофејот во македонскиот фудбалски Куп, а победата ќе значи и излез во Европа за еден од двата тима.
Двете екипи влегуваат со големи амбиции и желба да го подигнат пехарот, а финалето во Купот го најави и искусниот фудбалски стручњак Ѓоре Јовановски, кој и самиот има два трофеи како тренер во ова натпреварување.
Јовановски гостуваше во студиото на „Спортското радио 90,3 фм“ и го најави денешниот дуел, но зборуваше и за своите искуства на ваквите натпревари каде се одлучува за важен трофеј.
– Знаеме дека Струга беше минатогодишен шампион, имаат многу добра екипа и тренер, се работи за тим кој се создава веќе неколку години.
– Што се однесува до Вардар, има голема разлика меѓу тој од есенскиот и пролетниот дел од сезоната. Сигурно е дека е квалитетен и тренерот Гоце Седлоски, а начинот на кој играат двете екипи во пролетниот дел е најава дека можеме да присуствуваме на интересен и неизвесен натпревар.
– Тешко е да се предвиди победникот, а според мене фактот што натпреварот се игра на теренот на Вардар нема да биде проблем за квалитетен тим каков што е Струга, – вели Јовановски.
Целиот разговор за куп финалињата и прогнозата за денешното Куп финале можете да го слушнете ТУКА.