Навивачите на Милан во знак на протест во сабота ќе го напуштат „Сан Сиро“

Макфакс

21/05/2025

14:16

474

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Милан објавија дека ќе го напуштат стадионот „Сан Сиро“ по 15 минути од натпреварот со Монца во сабота. Тоа ќе биде последиот меч за Милан оваа сезона. Во минатото коло со поразот од Рома (3:1), Милан и ги загуби шансите да се натпреварува во европските купови следната сезона.

„Ќе пешачиме од „Каса Милан“ до стадионот „Сан Сиро“, каде што ќе ги поминеме првите 15 минути. Сакаме нашите гласови да бидат слушнати. После тоа, ќе ги оставиме играчите и администрацијата, нека бидат сами во својот срам. Со почит кон сите, покануваме што е можно повеќе навивачи да се соберат оваа сабота“, се вели во соопштението за медиумите на ултрас групата „Курва Суд“.

Навивачите на Милан беа многу критични кон раководството на клубот, предводено од директорот Гери Кардинале, иако Милан освои еден трофеј оваа сезона, Суперкупот на Италија.

Но, во среде сезоната, тренерот Пауло Фонсека беше отпуштен, на неговото место дојде Сержо Консеисао, одлука која не се покажа како добра.

Милан нема да игра во европските купови за првпат по сезоната 2019/2020.