Трет тест-лет на ракетата "Старшип" – леталото експлодираше при враќањето на Земјата

Точка

28/05/2025

09:38

609

Големина на фонт

а а а

Ракетата "Старшип" (Starship) од компанијата "SpaceX", во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, изведе уште еден пробен лет – успешно стигна до вселената, но експлодираше пред да се врати на Земјата, како што беше планирано.

Ова беше трет тест-лет на ракетата "Старшип", изведен вчера.


Ракетата полета од Тексас, но само неколку минути по полетувањето се појавија технички проблеми.


Иако успеа да стигне до вселената, не ги распореди симулаторите на сателити кои ги носеше – што беше еден од предвидените сегменти на мисијата.


Поради истекување на гориво, ракетата подоцна експлодираше над Индискиот Океан, каде што требаше контролирано да слета назад на Земјата.


Од "SpaceX" соопштија дека дошло до „непланирано брзо расклопување“ на леталото – термин што Маск често го користи како синоним за експлозија.


Илон Маск вчера најави дека следните три тест-летови ќе бидат изведени со приближно еднаш на секои три до четири недели.