Кенгур мирно чека за качување во авион? Снимка која ги воодушеви луѓето – но вистината е многу потемна: Опасна измама

Точка

29/05/2025

14:48

823

Големина на фонт

а а а

Снимка што за само три дена собра повеќе од 10 милиони прегледи прикажува кенгур како мирно стои на аеродром, со натпис: „Кенгурите немаат дозвола за влез во авион“. Необичната сцена од торбарот со авионска карта забавуваше милиони гледачи, од кои многумина признаа дека паднале на шармот на неговите крупни очи.

На видеото се гледа жена која се расправа со стјуардеса, додека кенгурот трпеливо чека. Тема на расправата е токму кенгурот – дали да му се дозволи лет?

Дали видеото е вистинито?

Не – видеото е генерирано со вештачка интелигенција.

Иако изгледа застрашувачки реалистично, видеото не е автентично. Ниту еден кенгур не бил донесен на аеродром, ниту добил карта за лет. Целата сцена е создадена со помош на "AI" технологија.

Се чини дека видеото првично било објавено пред два дена на "Instagram" профилот "Infinite Unreality", кој е целосно посветен на бизарни видеа генерирани со вештачка интелигенција. Меѓу другите објави има и снимки од нилски коњ врзан за седиште во авион, жирафа која се качува на лет и прасе во детска количка.


Кенгурот стана вирален

Иако видеото е вештачки креирано, успеа да измами многу корисници. На "Instagram" има повеќе од 10 милиони прегледи, со безброј коментари воодушевени од „слаткиот кенгур“.

„Начинот на кој ја држи картата и чека да ја скенираат“, стои во еден коментар. „Има подобри манири од повеќето возрасни кои се качуваат во авион“, додал друг.

Видеото беше споделено и на платформата X (поранешен Twitter), каде собра речиси 3 милиони прегледи и илјадници реакции – вклучително и од авио-компанијата "Ryanair".

Овој вирален клип повторно ја отвори расправата за сè поголемиот реализам на содржини креирани со вештачка интелигенција и леснотијата со која вакви видеа можат да ги измамат гледачите. Ова е само уште еден пример колку денес е тешко да се разликува реалната снимка од вештачки создадена.