[ВИДЕО/ФОТО] Македонската поп-рок сцена добива нова звучна нишка: Наташа Миха го промовира својот најнов сингл „Светлина“

Точка

30/05/2025

13:57

390

Големина на фонт

а а а

Песната и видеото премиерно беа објавени на 29.05 (четврток), заедно со дигитална дистрибуција на сите стриминг платформи.

„Светлина“ е заедничко музичко дело на Наташа Миха и Дамир Пух, со текст напишан од самата изведувачка. Аранжманот, како и миксот и мастерингот, ги потпишува Дамир Пух, со својот препознатлив продуцентски печат, сработени во GreenRoom Sound студио.

Видеото за „Светлина“ беше снимено со поддршка од неверојатен тим на креативци и професионалци, кои со својата енергија и посветеност придонесоа оваа приказна да оживее на екран.


Видео записот е во режија и монтажа на Мартин Георгиевски, a позади камерите и сет фотографијата се потпишува ProCam продукција.

Сценскиот изглед е заокружен со дизајнерските креации на Дејан Сидор, за фризурата се има погрижено Марина Станковска од Студио Инфинито, а шминката е дело на талентираната Евгенија Кузмановска.“