Почина ѕвездата на сериите „Очајни домаќинки“ и „Младиот Шелдон“

Точка

31/05/2025

17:11

12.676

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на сериите „Очајни домаќинки“ и „Младиот Шелдон“, актерката Валери Махафи, почина на 71-годишна возраст. По битката со ракот, таа починала во петокот во Лос Анџелес, потврди нејзината портпаролка Џилијан Роско за американските медиуми.

Сопругот на Валери, Џозеф Кел, изјави за „Варајати“: „Ја изгубив љубовта на мојот живот, а Америка ја изгуби едната од своите најомилени актерки. Ќе нѝ недостига“. Махафи остави трага во бројни серии, вклучувајќи ги „Northern Exposure“ (Северна Експозиција) каде што го играше ликот на Ив, „Очајни домаќинки“ во улога на Алма Хоџ и „Младиот Шелдон“, каде што толкуваше учителка.

Многу гледачи се збогуваат преку социјалните мрежи, оставајќи емотивни пораки и сочувство.

Телевизиска и филмска кариера

Махафи стана позната на пошироката публика благодарение на нејзината улога како Ешли Бенет во сапуницата „The Doctors“ (1979 – 1981), за која беше номинирана за наградата „Daytime Emmy“ во 1980 година.


Најголемото признание го доби во 1992 година кога ја освои наградата „Primetime Emmy“ за најдобра споредна женска улога во драмска серија за нејзината улога како хипохондричната Ив во серијата „Northern Exposure“.

Во текот на нејзината кариера, таа се појави во бројни телевизиски серии, вклучувајќи ги „Desperate Housewives“ (како Алма Хоџ), „Young Sheldon“ (како учителката Мекелрој), „Dead to Me“ (како Лорна Хардинг), „Big Sky“ (како Хелен Пергман) и „Devious Maids“ (како Оливија Рајс).


На големото платно, Махафи имаше значајни улоги во филмови како што се „Jungle 2 Jungle“ (1997.), „Seabiscuit“ (2003.), „Sully“ (2016.) и „French Exit“ (2020), каде што глумеше заедно со Мишел Фајфер.


Инаку Валери Махафи беше во брак со актерот и режисер Џозеф Кел, со кого ја доби ќерката Алис.