[ФОТО] Вака денес изгледа поранешната сопруга на „Сулејман Величествениот“ која ја остави бремена поради убавата „Шехерезада“: Од одмазда го направила најболното нешто!

Точка

30/05/2025

22:20

5.664

Големина на фонт

а а а

Халит Ергенч познат по улогата на Сулејман Величествениот стекна светска слава благодарение на извонредната глума во серијата која го прикажуваше животот на еден од најпознатите султани во историјата.

Халит е во брак со актерката Бергузар Корел од 2005 година и имаат три деца, нивната приказна почнала на сетот на хит-серијата „Илјада и една ноќ“ каде се запознале и се засакале.

Но, интересно е тоа што Халит во тој момент бил во брак со актерката Гизем Сојсалди која е 14 години помлада од него.


Актерот не поминал лесен пат кога се во прашање љубовните односи. Со своите сопруги тој има вкупно 6 деца и 5 пати бил во брак. Гизем во една прилика открила дека Халит инсистирал на брак, што ѝ било чудно со оглед на неговите претходни брачни искуства.

Гизем дипломирала политички науки но потполно ги променила животните планови поради својот сопруг. Го одложила одењето во Америка и сонот да стане актерка.


Поради неверојатната привлечност со Бергузар, Халит и понудил паричен надоместок на Гизем од 250.000 лири како би можеле што побрзо да се разведат, но како што таа наведе во една прилика, ниту едни пари не можеле да ја надоместат болката која ѝ ја нанел.


Како што пренесуваа тогашните медиуми, Гизем во текот на аферата на нејзиниот сопруг била трудна, но откако ја дознала веста абортирала.

По разводот, Халид ја прифатил улогата на Сулејман што предизвикало лавина на реакции за неговите нови наводни неверства.


Но Бергузар не останала нема на гласините, таа во неколку интервјуа ги демантирала гласините и истакнала дека тоа се само лаги.

Иако многупати медиумите пишуваа за нивните кризи во бракот, тие и понатаму се заедно.