„Ги затворив очите и ги покрив ушите, како да гледам хорор филм“: Третата сезона од популарната серија ги згрози гедачите

Точка

30/05/2025

15:00

1.189

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на серијата „Сексот и градот“ биле шокирани кога спин-офот „And Just Like That“, премиерно ја прикажал третата сезона и тоа со најпровокативната сцена досега.

Новата сезона која има 12 сезони, ја следи Кери Бредшо, Миранда Хобс и Шарлот Јорк Голдблат додека се соочуваат со реалноста на љубовта, пријателствата и сексот во 50-тите, во срцето на Њујорк.

Меѓутоа, она што привлекло најмногу внимание не е враќањето на Рози О’Донел во улогата на Миранда туку неочекуваната и исклучително експлицитна сцена меѓу Кери и Ејден.


Телефонски повик којшто ги „раздрмал“ гледачите

Сцената која предизвикала најмногу коментари на социјалните мрежи ја прикажува Кери и нејзиниот поранешен вереник Ејден како го прекинуваат петгодишниот договор , да немаат никаков контакт и започнуваат страстен телефонски разговор којшто се претвора во нешто многу повеќе.

Ејден, сместен во својот камионет на ливада покрај фармата во Вирџинија, предложува Кери да се самозадоволува, што таа се обидува да го прави, но во тоа ѝ пречи нејзината мачка Шу која ја набљудува. На крај Кери го лажира задоволството.


Фановите изненадени: „Морав да премотам“

„Ејден ја лиже раката во камионетот, морав да исклучам“, „Апсолутно не“, „Боже, сакам колку оваа серија е луда“, биле дел од коментарите на социјалните мрежи.

„Не барав да го слушам тој телефонски разговор меѓу Кери и Ејден“, додал некој друг корисник, додека трет напишал: „Оваа сцена толку многу ме згрози, што морав да исклучам. Добив секундарна непријатност“.

Една корисничка сето тоа го споредила со сцените од хорор филмовите: „Ги затворив очите и ги покрив ушите, како да гледам хорор филм“.


Иако серијата отсекогаш балансирала меѓу духовитоста и провокациите, оваа сцена очигледно ги поместила границите, барем кога станува збор за вкусот кај публиката.